Го нема Игуаин, нема проблеми: Габијадини заблеска за Наполи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Наполи го победија Монако со 5:0 во пријателски дуел.

Иако останаа без Гонзало Игуаин кој отиде во големиот ривал Јувентус, екипата од Неапол остана еднакво ефикасна. Овој пат блескаше фантастичниот Маноло Габијадини, кој на Кнежевците им постигна дури четири гола во овој меч.

Серијата ја отвори веќе после три минути игра, потоа погоди во 17 минута, а потоа во 49 и 64 минута од мечот. Конечните 5:0 ги постави Алан во 66 минута.