Несторовски постигна четири погодоци, Трајковски еден во победата на Палермо над Сапада (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Нашите интернационалци Илија Несторовски и Александар Трајковски имаа успешен настап на првиот подготвителен натпревар против нисколигашот Сапада кој го добија со неверојатно високи 20:0.

И Несторовски и Трајковски веројатно ќе си заминат од тимот на Палермо ова лето, а додека ги очекуваат трансферите почнаа да тренираат и да играат пријателски средби.

Илија Несторовски постигна четири погодоци на натпреварот, додека пак Александар Трајковски беше творец на еден гол.