Клоп потврди кога ќе дебитира Алисон за Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп очекува новото засилување, голманот Алисон да го има своето деби на натпреварот против Наполи кој ќе се игра на 4 август.

Бразилецот Алисон се пресели во Ливерпул за рекордна сума за голман од 67 милиони фунти, а во моментов се наоѓа на одмор по крајот на Светското првенство.

„Тој сака да игра. Можеше да ни се приклучи во САД, но нема смисла. Имаше долга година, и како прв голман на Бразил му беше напорно, па го пратив на одмор. Ќе има уште два натпревари за играње пред почетокот на сезоната, а Вест Хем е прв натпревар, не последен во годината. Мислам дека ќе игра во Даблин против Наполи“ –коментираше Клоп.