Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Според пишувањата на британските медиуми, менаџерот на Редсите, Клоп отпишал најмалку тројца играчи кои има намера да ги продаде до крајот на летниот период.
Прв од нив е Симон Мињолет, кој минатата сезона беше резерва на Лорис Кариус, со доаѓањето на Алисон Бекер, Белгиецот веќе станува трет голман, а Ливерпул го процени на нешто повеќе од 10 милиони фунти.
За Мињолет има многу заинтересирани клубови, а некои од нив се Фулам, Наполи и Бешикташ.
Втор фудбалер е Дивок Ориги, исто така Белгиец, кој вотекот на припремите не успеа да му се наметне на својот тренер. Се очекува овој фудбалер да биде продаден за 27 милиони фунти.
Исто така, во наредните недели Ливерпул би требало да го напушти Дани Ингс. Ливерпул за него бара 20 милиони, а го сакаат Лестер, Саутепмтон, Кристал Палас и Њукасл.