Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Озил се најде на удар на германската јавност пред два месеци откако се фотографираше со турскиот претседател Ердоган. Многумина веруваа дека Ердоган ги користи Озил и Губдоган за свои предизборни поени.
После се Озил и официјално соопшти дека веќе нема да игра повеќе за репрезентацијата на Германија. Тој изјави дека многу го повредило однесувањето на германската јавност и има чуство дека сево ова е поради тоа што е муслиман.
ДФБ го демантираше Озил и порача дека верата или расизмот нема никаква врска со притисокот кој го имаше бидејќи се фотографирал со Ердоган. После сево ова се огласи и германската канцеларка Ангела Меркел. Таа порача:
„Озил многу има придонесено за германската репрезентација. Донесе одлука повеќе да не игра и тоа мораме сите да го почитуваме“.