Се поизвезно е заминувањето на Пјаниќ на Островот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Босанскиот играч за врска Миралем Пјаниќ, судејќи по се во следната сезона нема да го носи дресот на Јувентус.

Фудбалерот на Јуве го поврзуваат со многу клубови, а ако им веруваме на италјанските и англиските медиуми, се поизвесно е неговото пристигнување во Манчестер Сити.

Имено, откако Жоржињо го прелажа Пеп Гвардиола и замина во Челзи, шпанскиот стручњак се сврте кон Пјаниќ и како што пишуваат италјанските и медиуите на островот, наскоро на адресата на Јувентус ќе пристигне официјална понуда.

Се шпекулира дека Граѓаните ќе понудат 65 милиони евра, додека Старата дама бара заработка од 100 милиони евра, но не е исклучено заинтересираните страни да се најдат на половина пат.

Наводно и новиот менаџер на босанскиот репрезентативец, Фали Рамадани имал разговор со челниците на Јувентус и им порачал дека наскоро на нивната адреса пристигнува официјална понуда.

Како што наведуваат странските медиуми големи се шансите овој трансфер да се реализира.