Интер одамна не бил толку силен: Еве како ќе изгледа тимот за следната сезона (Фото)


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


По освојувањето на Лигата на шампионите во 2010 година, кога во Интер играше и нашиот Горан Пандев, следеа тешки години за навивачите на Нероазурите.

Сепак, сега се чини дека му дојде крајот на маките затоа што Интер за оваа година склопи неверојатен тим.

Челниците на клубот завршија навистина одлична работа откако донесоа неколку фантастични фудбалери, а вчера и денес се шпекулира дека во тимот би можел да пристигне, ни помалку ни повеќе, туку Лука Модриќ.

Ако дојде хрватскиот репрезентативец на „Меаца“ тогаш Интер ќе има уште посилен тим и ќе биде главен конкурент на Јувентус за титулата во Серија А.