Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После враќањето на Лео Бонучи во Јувентус, се огласи и Павел Недвед.
Претседателот и легенда на Јуве, прв човек на спортскиот сектор рече дека преодниот рок сеуште не е завршен.
Имено, тој после потписот на Бонучи изјави дека ЛШ, како и дуплата круна се цел секоја година и тоа не се менува, а демантираше дека Јуве заврши со доведување на играчи.
„Не е готово“, порача Недвед и предизвика возбуда кај навивачите на Јуве.
Според тврдењето на некои играчи, има три опции, едната е Реал да им го продаде Марсело, што би значело дека Алекс Сандро ќе оди во ПСЖ.
Наивачите сонуваат за Погба, но во тој случај Јуве ќе треба да жртвува уште некој играч за да го врати Французинот во клубот, а алтернатива е Милинковиќ Савиќ.
„Месаџеро“ пишува дека Симоне Инзаги стравува дека пред почетокот на првенството Јуве може да го купи Србинот, односно Лацио да нема време да реагира.