Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Според италијанските медиуми хрватскиот репрезентативец од редовите на Интер, Марсело Брозовиќ би можел да ја напушти „Чизмата“ и во следните неколку дена да се пресели во таборот на Тотенхем.
„Кориере дело Спорт“ наведува дека Брозовиќ е пред заминување од миланската екипа и дека кариерата веројатно ќе ја продолжи во редовите на Тотенхем.
Во Англија преодниот рок е до 9 август, што значи дека „Петлите“ ќе мора да го комплетираат трансферот во следните четири дена.
Интересно е што Тотенхем е меѓу ретките тимови кои се уште немаат донесено засилување во своите редови.