Роналдо тренира со синот со цел да се опорави

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид Кристијано Роналдо пополека се враќа во вистинската форма.

Роналдо се повреди во финалниот меч на ЕП после еден дуел со французинот Паје и од тогаш не е на располагање на тренерот на Реал Зинедин Зидан.

Сепак, како што времето поминува, така и Кристијано се подобро се чувствува и се чини дека се ближи неговото враќање на зеланите терени.

Тој на друштвените мрежи објави неколку фотографии на кои се гледа дека вежба со синот и пробува што побрзо да се опорави и да се врати на терен.