Ди Марцио пренесува: Калиниќ денес на медицински прегледи во новиот клуб


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Прашање на часови е кога Никола Калиниќ и официјално ќе го напушти Милан и ќе се пресели во таборот на Атлетико Мадрид.

Италијанскиот новинар, Џанлука Ди Марцио пренесува дека хрватскиот напаѓач по само една сезона во Милан ќе си замине од клубот и ќе се пресели во Мадрид.

Ди Марцио објави дека Калиниќ денес ќе тргне кон Мадрид каде го чекаат медицинските прегледи во Атлетико. Со заминувањето на Кевин Гамеиро се отвори простор за Хрватото кој би требало да биде резервна опција за Диего Коста.

Милан за трансферот на Никола Калиниќ кој има бурно лето зад себе ќе искешира околу 15 милиони евра.