Реал Мадрид се налути и ќе го тужи Интер поради Модриќ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид се налути поради обидите на Интер да им го „украде“ Лука Модриќ, па реши да преземе конкретни потези.

„Кралевите“ планираат да испратат тужба до УЕФА на сметка на Италијанците бидејќи сметаат дека Интер ги крши правилата на Финансискиот фер-плеј, зашто дел од парите планира да ги добие низ спонзорски договори од кинески Сунинг.

„Мундо Депортиво“ пишува дека и нискиот данок е една од причините поради кои Модриќ сака да замине од Реал во Италија.

„Реал е подготвен да ги слушне барањата на Модриќ и ќе му ја зголеми платата“, пишуваат шпанските медиуми.