Вулверхемптон сруши трансфер рекорд за играч кој потекнува од школата на Барселона

Од таборот на Вулверхемптон потврдија дека постигнале договор со Миделсбро за трансфер на крилниот фудбалер Адама Траоре.

22 годишниот фудбалер во Вулвс пристигнува за рекордна клупска сума од 18 милиони фунти, а со тимот од „Мулинукс“ потпиша петгодишен договор.

Траоре имаше импресивна сезона во Миделсбро каде беше избран за најдобар играч на тимот, а во кариерата освен на „Риверсајд“ има настапувано и за Астон Вила, додека клубот беше во Премиер лигата, а има и неколку настапи за тимот на Барселона.