Дали ова е знак дека заминува? Лука Модриќ на излезните врати од Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многу е веројатно дека хрватскиот фудбалер, Лука Модриќ ќе ги напушти редовите на Реал Мадрид и ќе се пресели во тимот на Интер.

Играчот од средниот ред доби понуда која што не се одбива, но од раководството на Реал Мадрид се уште сакаат да го убедат Хрватот да остане во нивните редови.

Сепак, профилите на клубот од Мадрид на социјалните мрежи говорат дека на крајот, Модриќ сепак би можел да замине во Италија. Насловната фотографија на официјалниот профил на Реал Мадрид е променета, а на неа го нема Лука Модриќ, иако тој речиси постојано беше на ваквите „кавери“.

Дополнително, шпанскиот весник „Марка“ потенцира дека денес се ќе биде решено. Агентите на хрватскиот фудбалер ќе разговараат со Флорентино Перез, а темата на разговорите е само една- продажба на Лука Модриќ.

Весникот го означи овој ден како  „Ден М“ во Мадрид и се ќе биде многу појасно по состанокот.