Маркез ќе стартува прв на трката за ГН на Австрија (ФОТО)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Актуелниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, ќе ја почне утрешната трка од првата позиција во Австрија.

Шпанецот возеше одлично во текот на целата трка, па зад себеси ги остави Андреа Довициозо и Хорхе Лоренцо.

Четврти беше Данило Петручи, а на петтата позиција заврши Кал Крачлоу. Помеѓу најдобрите 10 беа уште и Жоан Зарко, Тито Рабат, Андреа Јаноне, Дани Педроса и Алекс Ринс.

Трката за Големата награда (ГН) на Австрија се вози од 16 часот.