Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Поразот од Брајтон (3-2) покажа дека во тимот на Манчестер јунајтед некои работи не функционираат, како и дека Жозе Мурињо губи контрола врз играчите.
Португалецот имаше сличен проблем во Челси, а сега истото се случува и во Манчестер. Новата сезона ја почнаа со победа против Лестер сити, но потоа се посрамотија против Брајтон.
Јунајтед беше очаен, а англиските медиуми пишуваат дека навивачите сакаат да добие отказ Португалецот.
Навивачите не се задоволни, па на Твитер може да се забележат нивните барања за заминување на Мурињо од „Олд Трафорд“.