Меси и Рамос водат бунт против Шпанскиот фудбалски сојуз!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Откако Ла Лига објави дека официјалните натпревари ќе бидат играни на територија на Америка, играчите се организираа против таквата можност.

Неколку лица од маркетинг секторот решија натпреварите од регуларниот дел од првенството да се играат во САД и Канада, а се побунија играчите.

Денеска Синдикатот на играчи ќе има состанок во Шпанскиот фудбалски сојуз за да испрати официјален приговор.

На фудбалерите им пречи и терминот во кој се играат натпреварите, а се со цел да имаат пренос на повеќе натпревари.

Официјалниот приговор ќе го потпишат сите капитени на екипите, предводени од ѕвездите како Лионел Меси и Серхио Рамос.