Видал: Со ВАР технологијата би имаш уште два трофеја во ЛШ

Артуро Видал ова лето ги изненади сите кога се појави во Каталонија во дресот на Барса.

Искусниот Чилеанец потпиша договор со Барселона и дојде како замена за Паулињо кој замина во Кина.

Се чини дека Барса направи добра работа. Имаше вест дека Видал има проблеми со коленото, па доколку тој проблем е решен, ќе биде од голема помош на Барселона.

Тој изјави дека главна цел му е освојување на ЛШ.

„Мој омилен трофеј е од Лигата на шампионите. Знам дека Барса го има освојувано во повеќе наврати, но јас го сакам и сакам да освојам се“.

Тој се осврна и на неговиот поранешен клуб.

„Со ВАР технологијата, Баерн би освоил барем уште два трофеи од ЛШ“, заклучи тој.