Мајсторски гол со ножички на дебито на Витсел за Борусија Дортмунд (Видео)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец и нов член на Борусија Дортмунд, Аксел Витсел на маестрален начин ја започна авантурата во новиот клуб.

Витсел се најде во првиот состав на „Милионерите“ на вчерашниот натпревар против Ред Бул Лајпциг и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за тимот.

Борусија Дортмунд со 4:1 славеше против незгодниот Лајпциг, а работата ја завршија уште по првото полувреме во кое постигнаа три гола.

Најубав беше оној на Витсел кој во 43. минута со ножички го матираше противничкиот голман.