Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и понатаму е на шестото место на последната АТП-листа која беше објавена пред почетокот на УС-опен.
Ѓоковиќ има 4.445 бодови, како и Марин Чилиќ, кој се наоѓа зад него. Како прв рекет во светот во последниот гренслем влегува Рафаел Надал со 10.040 поени, пред Роџер Федерер кој има 7.080.
На трето место е Хуан Мартин дел Потро, пред Александер Зверев, Кевин Андресон и Ѓоковиќ. Србинот не брани ниту еден бод на УС-опен, а заедно со него може да профитира и Зверев, кој минатата година освои само 45 поени.
Чилиќ е седми, а во топ 10 се уште и Григор Димитров, Доминик Тим и Давид Гофан.