Деби кое ќе го памети: Постигна гол од половина терен, но во – сопствената мрежа! (ВИДЕО)

Младиот играч на Хадерсфилд, Жунињо Бакуна имаше деби за заборав.

Тој доби шанса да игра во натпревар од Карабао купот против Стоук сити во кое неговиот тим беше поразен со 2-0.

Младиот 21-годишен фудбалер се обиде една топка да врати на голманот Јонас, кој го напушти голот и ја погоди сопствената мрежа од половина терен.