Кака: Не знам што ќе работам во Милан, но среќен сум што се вратив!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот Бразилец Кака во средата пристигна во Милано за да преземе некоја од функциите во клубот во кој настапуваше седум сезони.

Уште не е сигурно што ќе работи точно Кака во Милан, а можеби ќе биде скаут затоа што не сака премногу време да биде оделен од семејството.

„Многу сум среќен секој пат кога ќе дојдам тука. Го видов натпреварот против Наполи и се надевам дека Милан ќе има добра сезона.  Зборував со Леонардо, ние сме добри пријатели, но уште не сме разговарале за мојата улога во Милан. Во моментов приоритет се моите деца кои живеат во Бразил. Морам да бидам со нив. Со Лео и Паоло Малдини можам да бидам уште поблиску до Милан. Се обидувам да сфатам што можам сега да правам во фудбалот“, кажа Кака.