Да не ви се верува: Мурињо го следеше Барнли во Лигата на Европа (ФОТО)

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, најсериозно ја сфати ситуацијата во која се наоѓа моментално.

По два порази по ред во Премиерлигата, Мурињо се наоѓа пред отказ, а наводно по состанокот со управата имало многу оптимизам, но сепак целата ситуација ќе зависи од дуелот против Барнли.

Поради тоа, Мурињо вчера бил на стадионот на Барнли и го следел нивниот натпревар против Олимпијакос.

Резултатот на крајот бил 1-1, па Барнли испаднал од Лигата на Европа, а Мурињо неколку пати го забележале фотографите кои решиле да го фотографираат.