Ливерпул го продолжи стопостотниот учинок во Премиер лигата (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ливерпул го бележи својот најдобар старт во историјата на Премиер лигата откако ја запишаа и четвртата победа со ред во исто толку натпревари. Денес клубот предводен од Клоп беше подобар од Лестер со 1:2.

Мане уште во 10. минута го отвори резултатот по одличното проигрување на Робертсон. На 2:0 зголеми Фирмино пред самиот крај на првиот дел.

Лестер единствено успеа да намали преку Гезал кој ја искористи големата грешка на Алисон, но тоа беше се од домашниот тим.