Навивачите на Јунајтед одбираа најдобар играч: Не е ниту Погба, ниту Лукаку, ниту пак Санчез…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Можеби не е суперстар на Јунајтед, но играше доволно добро за навивачите да му ја доделат наградата за играч на месецот.

Садио Мане е прогласен за играч на месец август кога е во прашање Премиер лигата, но кога е во прашање Манчестер Јунајтед, наградата ја доби Лук Шо.

Овој лев бек порано беше многу пати отпишан, повреден, а Мурињо често пати не му даваше шанса и не му веруваше, но тој некако се наметна и покажа дека е квалитетен дефанзивец.

Освен тоа, често пати помага и на офанзивата на Јунајтед, па ако претходниот месец беше ужасен за Црвените ѓаволи, за Шо беше добар и навивачите му ја доделија наградата за најдобар фудбалер во изминатиот месец.