„Роналдо се соблекува гол и си вели - Меси е подобар, но не е згоден колку мене“

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Питер Крауч, имаше интересна приказна за Кристијано Роналдо во својата автобиографија.

Крауч во книгата раскажуваше моменти кои му ги кажал Рио Фердинанд за Роналдо и неговото однесување во соблекувалната.

„Фердинанд ми кажуваше приказни за Роналдо како стои гол пред огледалото во соблекувалната и си зборувал дека е многу убав. Но, потоа соиграчите му рекле дека Меси е подобар од него. Португалецот не се замараше многу за тоа. После тоа постојано си викаше – Можеби Меси е подобар, но не е згоден колку мене“, објаснува Крауч.