Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рускиот фудбалер Денис Глушаков се најде во центар на скандал, откако сопругата го фатила со проситутка, а потоа видеото го објавила на социјалните мрежи.
Глушаков настапува за Спартак Москва, но исто така и за репрезентацијата на Русија, но овојпат фудбалот не е главна тема за 31-годишниот фудбалер. Неговата сопруга Дарија ја шокираше јавноста, откако објави видео со него и девојката.
Играчот на Спартак еден ден пред натпреварот бил во сауна за да се „подготви“, но имал друштво кое дефинитивно не го прифатила сопругата, па решила да го направи драстичниот чекор.
„Седеа во сауна, имаше алкохол, овошје и наргиле. Таа беше гола и седеше во негова прегратка. Потоа ја вклучив камерата и почнав да зборувам како ме изневерува со проститука и дека таа е гола во сауна со него“, кажа Дарија.