Тешки денови за ѕвездата на Јунајтед: „Ти си како Фалкао, живееш од стара слава“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед уште еднаш ги разочара своите навивачите, откако освои само бод против Вулверхемптон (1-1) во натпреварот од шестото коло во Премиерлигата.

„Црвените ѓаволи“ одиграа лош натпревар на „Олд Трафорд“, а навивачите незадоволни ги напуштија трибините на стадионот. На социјалните мрежи многу играчи на Јунајтед беа критикувани, а прв на удар беше Алексис Санчез.

Чилеанецот на почетокот на годината стигна од Арсенал како големо засилување, но уште се мачи и не може да се прилагоди на тимот на Жозе Мурињо.

Некои навивачи решија да го изберат Санчез за едно од најлошите засилувања во последните 20 години. Тие сакаат Мурињо да го испрати на клупата, па да им даде шанса на Ентони Марсијал или можеби Маркус Рашфорд.

„Санчез е само еден Радамел Фалкао во серија. Тоа значи дека живее на стара слава од своето име“, порача еден од навивачите на Јунајтед.