Поранешен играч на Сити излезе од затвор и сега потпишува за англиски клуб!?

Поранешниот англиски репрезентативец Адам Џонсон се соочуваше со тешки години во својата кариера, која мораше да ја прекине на одреден период поради тоа што учествуваше во секс-скандал со 15-годишна девојка.

Овој 31-годишен играч излезе од затвор по двегодишна казна, а сега се наоѓа пред потпис со нисколигашот Хартлепул јунајтед.

Џонсон имал можност да се пресели и во Кина, но на крајот решил да остане во својата татковина.

Англичанецот во кариерата настапуваше за Ватфорд, Лидс, Миделсбро, Сандерленд и Манчестер сити, со кој во 2012. година ја освои Премиерлигата.