Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Адвокатот на Кристијано Роналдо порача дека ќе тужи германски магазин, откако тие објавија обвинувања на една Американка која тврди дека познатиот играч ја силувал во 2009. Година.
„Ројтерс“ потврди дека адвокатот на Роналдо испратил соопштение во кое ги обвинува изјавите на медиумот и ќе почне соодветна судска постапка, а потоа ќе бара и голема оштета.
Тогашната студентка Катрин Мајорга кажа дека Роналдо ја силувал пред речиси десет години во хотелска соба во Лас Вегас, додека германскиот магазин откри дека тој и Роналдо постигнале спогодба и Португалецот рекол дека ќе ѝ плати 350.000 долари.
Мајорга, сепак, открила дека жали што потпишала таков договор и кажала дека има психички проблеми.
Од медиумот соопштија дека повеќе пати се обиделе да го контактираат Роналдо пред да ја објават приказната, но не успеале во тоа.
Инаку, минатата година адвокатите на Роналдо исто така му се заканија на германскиот медиум поради производство на „новинарски фантазии“, откако магазинот објавил документ со кој се докажува спогодбата на Мајорга и Роналдо.