Малку им се тројца за сега: Челси доведува уште еден Азар?

Британските медиуми донесуваат вест дека на Челси наскоро може да му се придружи уште еден Азар.

Младиот брат на најдобриот играч на Челси, Еден, 15 годишниот Етан е на мета на клубот од Стемфорд Бриџ кој не е единствен голем клуб кој се интересира за него.

Талентираниот Етан моментално настапува за младиот тим на белгкискиот AFC Tubizе, а му се предвидува слична кариера како на својот брат. Нема сомневање дека Челси ќе има предност при негово купување.

Интересно е што Челси минатата година од Ујпест го доведе Килиан Азар (23), но брзо го прати на позајмица во Серкл Бриж, а член на Челси некогаш беше и уште еден брат на Еден, Торган Азар (25), кој никогаш не дочека права шанса на Стемфорд Бриџ. Лондонскиот клуб го праќаше на позајмици во Зулте Варегем и Борусија Минхенгладбах.

Ќе биде занимливо да се виде дали Азар ќе го „доведе“ и третиот брат во Челси.

Познато е Еден потекнува од права фудбалска фамилија, бидејќи и неговиот татко и неговата мајка се занимавале со овој спорт, баш како и неговите тројца браќа.