Покетино даде категоричен одговор околу евентуалното водење на Барселона


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино истакна дека никогаш нема да биде предводник на Барселона.

Аргентинецот е меѓу кандидатите кои се евентуални наследници на Ернесто Валверде за кого се повеќе се шпекулира дека ќе добие отказ доколку продолжи со лошите натпревари.

„Повеќе од јасно е дека јас никогаш нема да ја водам Барселона. Мојот пат и тој на Барселна се различни, спротивни насоки. Да бидам тренер таму е невозможно“- коментираше Покетино подгревајќи ја атмосферата пред нивниот меѓусебен натпревар на Вембли.