Јувентус во проблеми поради скандалот на Роналдо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо во последниве денови е во центар на светските медиуми бидејќи е обвинет за силување на девојка во 2009. година, а тоа предизвика голем скандал во светот на фудбалот.

Неколку дена откако Кетрин Мајорга поднесе обвинение против Португалецот за силување, акциите на Јувентус паднаа за дури – 5,37%.

Тоа значи и пад во однос на претходниот ден, зашто во меѓувреме се огласија спонзорите на Роналдо „Најк“ и „ЕА Спортс“ кои соопштија дека ја следат ситуацијата во клубот.

Италијанските медиуми пишуваат дека спонзорите се загрижени и би можеле да го прекинат договорот вреден една милијарда долари со Португалецот.