Видал објави контроверзна порака на Инстаграм, па веднаш ја избриша (ФОТО)

Барселона се соочува со една од најголемите кризи во домашното првенство, откако четири дуели по ред не може да победи.

Каталонците одиграа 1-1 на гостувањето кај Валенсија во дербито од осмото коло во Ла Лига.

Еден од најнезадоволните во екипата е дефинитивно Артуро Видал, кој не сака да молчи.

Чилеанецот по дуелот против Тотнем го покажа своето незадоволство, а сега пак се огласи на Инстаграм, но за краток период ја избриша пораката.

„Не бори се со предавниците, пушти ги сами да се обесат“, напиша Видал.