Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо се наоѓа во огромен скандал, откако беше обвинет од Кетрин Мајорга дека ја силува.
Наводно, настанот се случил во 2009. година во Лас Вегас, а Кетрин се согласила на 375.000 долари за да молчи.
Адвокатот на Роналдо, Кристенсен тоа го призна, но не кажа дали навистина се случил тој инцидент.
„Тоа го направи за да се спречи обидот за уништување на неговиот имиџ, заработен со тешка работа“, кажа Кристенсен.
Кристенсен кажа дека голем дел од документите за целиот случај се лажни и нив ги украле хакери, па им ги продале на медиумите.
„Документите кои содржат изјави на Роналдо се лажни. Нив ги украдоа хакери и ги продадоа на медиумите“, откри адвокатот.