Мурињо во пол-позиција за одличен лев бек на Бенфика!?


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Многу екипи се заинтересирани за 23-годишниот Алехандо Грималдо, кој игра како лев бек.

Сепак, италијанските медиуми пишуваат дека токму Манчестер јунајтед е фаворит за неговиот потпис.

Наводно, Жозе Мурињо е импресиониран од неговите настапи, па во јануари би сакал да го купи.

Но, не е позната сумата која ќе треба да ја платат за младиот дефанзивец, бидејќи Бенфика, наводно, бара 20 милиони евра, иако го купија само за два милиони евра.

Во секој случај, Грималдо би можел да му биде добра конкуренција на Лук Шо на „Олд Трафорд“.