Фергусон најде нов тренер за Јунајтед – Мурињо во „аут“!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, беше во Подгорица за да бара потенцијални засилувања.

Наводно, Мурињо е заинтересиран за младиот Србин, Никола Миленковиќ, но не е сигурно дали ќе остане Португалецот на тренерската клупа на „црвените ѓаволи“.

За отказот на Мурињо во Јунајтед се зборува одамна, а сега Италијанците пишуваат дека е најдена замената.

Наводно, станува збор за тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, кој добил понуда по предлог на Фергусон.

На Алегри му била понудена плата од девет милиони евра, тригодишен договор и буџет од 200 милиони евра за трансфери.

Сепак, одлуката останува на Алегри, кој во наредниот период ќе реши што  ќе прави во иднина.