Официјално: Стигна и десеттото засилување на Риверсајд!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Делува дека екипата на Аитор Каранка во оваа сезона ќе заврши на средината на табелата.

Мидлзборо ќе има екипа за секој респект во претстојната сезона, која ќе ја почне утре од 16 часот на својот стадион против Стоук.

Доведоа девет многу добри играчи, а сега во клубот стигна и десеттото засилување.

Какп што е и најавено левиот бек на Кардиф и поранешен играч на Манчестер Јунајтед Фабио да Силва е нов играч на Боро.

Фабио е брат близнак на истотака поранешниот фудбалер на Јунајтед Рафаел, кој сега настапува за француски Лион.

Во дресот на Црвените ѓаволи одигра 22 натпревари во ПЛ, а една сезона помина и на позајмица во Квинс Парк Ренџерс.

Од 2014 година е член на Кардиф, а во Чемпионшип за Велшаните одигра 52 натпревари.

Во минатата сезона го постигна и својот единствен гол дресот на тимот  од претстолнината на Велс, и тоа токму против Мидлзборо.

На Риверсајд пред него стигнаа Алваро Негредо (Валенсија – позајмица), Бред Гузан (Астон Вила), Џордан Мекги (Харт – позајмица), Виктор Валдес (Манчестер Јунајтед), Бернардо Еспиноса (Спортинг Хихон), Гастон Рамирез (Саутемптон), Антонио Бараган (Валенсија), Виктор Фишер (Ајакс) и Марте нде Рун (Аталанта), и нема сомнеж дека Мидлзборо има екипа која нема да мора се бори за опстанок во лигата.