Индијана му дава на Тарнер 80 милиони долари


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Центарот на Индијана , Мајлс Тарнер е пред потпис на четиригодишен договор со Пејсерси, што ќе му донесе заработка од 80 милиони долари.

Оваа информација ја објави новинарот Шамс Чараниа, тврдејќи дека еден од најдобрите млади центари наскоро потпишува богат договор.

Ова ќе му биде четврта сезона на 22-годишниот кошаркар, а се очекува да направи дополнителен чекор во својата кариера и да експлодира.

Во текот на трите години поминате во Пејсерс имаше просек од 12.7 поени, 6.5 скокови и 1.8 блокади.