Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Искусниот српски дефанзивец Бранислав Ивановиќ се наоѓа пред најголемиот трансфер во кариерата.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Ивановиќ се наоѓа пред трансфер во Барселона и тоа во јануари.
Овој 34-годишен дефанзивец би требало да биде замена во екипата, откако се повредија Самуел Умтити и Томас Вермален.
Каталонците разгледуваат и други опции, но Ивановиќ наскоро останува без договор, па тоа сакаат да го искористат.
Каталонците и пред две години го сакаа Ивановиќ, но тогаш Србинот реши да се пресели во Русија.