Малком сега жали, па сака да замине од Барселона, но…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилецот Малком летоска беше блиску до трансфер од Бордо во Рома, но во последен момент се пресели во Барселона.

По три месеци Малком сака да го смени клубот, а неговата нова дестинација би можела да биде Италија.

Бразилецот не се прилагоди во Каталонија, па досега одигра само 25 минути и нема ниту еден погодок.

Италијанските медиуми пишуваат дека агентите на Малком го понудиле својот клиент на Интер.

Сепак, „нераѕурите“ не се согласиле на трансфер бидејќи не се задоволни со непрофесионализмот на Бразилецот.

За потенцијален трансфер во Рома не се ни шпекулира, а во Интер вратата за него е затворена.