Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, секогаш е во центар на внимание, а посебно кога неговиот тим губи, а тоа се случува често во последно време.
Очигледно трите прста во воздух се симбол на Мурињо со кој се брани од противничките навивачи, а тоа најпрво му се случи против Челси, а синоќа и против Јувентус.
Во судиското продолжение од натпреварот со Јувентус, навивачите на италијанскиот гигант пееја песна за Мурињо, а Португалецот им одговори со три прсти, па така мислеше на тројната круна со Интер освоена во 2010. година.
Интер е единствениот италијански клуб на кој му успеало тоа во една сезона, а интересно е тоа што Јувентус никогаш не успеал во таквата намера, иако многупати бил блиску до истиот успех.