Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Екипата на Тотенхем потфрли и во третиот натпревар од Лигата на шампионите ремизирајќи на гостувањето во Холандија кај ПСВ со 2:2
Тотенхем подобро влезе во натпреварот. Хеунг Мин Сон веќе во четвртата минута ја погоди стативата, а потоа три пати се закани Хари Кејн, но се беше залудно.
Резултатот го отвори Хирвинг Лозано по катастрофалната грешка на Тоби Алдервилд во 30. минута. Предноста на ПСВ траеше само девет минути затоа што во 39. минута Лукас го изедначи резултатот.
Во 55. минута Тотенхем направи пресврт преку Хари Кејн кој со глава погоди за 2:1. Сепак, потоа следуваше лош старт на Лори кој заработи црвен картон и со тоа значително ги намали шансите на Тотенхем за победа на оваа средба.
Казната стигна преку Лук Де Јонг кој во 87. минута го постигна конечниот резултат на оваа средба.
Во вториот натпревар кој започна од 18:55 часот, екипите на Бриж и Монако ги поделија бодовите. Домаќинот имаше повеќе од играта, но на крај тимот на Тиери Анри успеа со бод да се врати од Белгија.