Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
„Дејли Експрес“ пренесува дека од редовите на Манчестер Јунајтед се заинтересирани во јануарскиот преоден рок да го донесат играчот на Челси, Виктор Мозес.
Ваквите шокантни најави ги објавува „Експрес“ кој посочува дека играчот кој воопшто не е во плановите на Сари би можел да се пресели на „Олд Трафорд“ како алтернатива за левата бековска позиција во тимот, но и помош во офанзивниот дел од теренот.
Мозес се уште нема одиграно ниту еден натпревар во Премиер Лигата под водство на Сари иако беше стандарден додека Конте беше на клупата на „Сините“.
Покрај Манчестер Јунајтед, за Нигериецот интерес има и од тимот на Кристал Палас.















