Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Манчестер јунајтед игра очајно сезонава, па катастрорфални се резултатите и во Лигата на шампиони, но и во Премиерлигата, а сега екипата доживеа нов удар од фудбалерите.
Во четвртокот фудбалерите требаше да се дружат со нивните спонзори, но тие одбиле да се појават, а проблемот наводно бил поради превозот.
Јунајтед веќе неколку натпревари доцнеше со нивниот автобус, а беа и казнети поради тоа.
Дури пет фудбалери на „црвените ѓаволи“ решиле да го покажат нивниот револт и да престанат да се појавуваат пред спонзорите, кои ги донесе Ед Вудворд, а притоа клубот доби многу пари.
Ова ги подели мислењата на навивачите, кои сметаат дека фудбалерите бараат оправдување за лошите настапи, но и дека ова е дел од притисокот на тренерот Жозе Мурињо кон Вудворд, кој не сакаше да одвои дополнителни средства за нови засилувања во јануари.















