Супер вести за Тотенхем: Еден од најдобрите играчи го продолжува договорот со клубот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека фудбалерот на Тотенхем, Деле Али е блиску до потпишување нов, долгогодишен договор со клубот.

22 годишниот фудбалер има договор кој му истекува во 2022 година, а сега ќе потпише нов договор кој ќе го задржи во Лондон многу подолго.

Разговорите биле во тек во последните неколку недели,  а Деле Али слично како и Покетино и Кејн, се одлучил да остане во Тотенхем и во следниот период.

Деле Али има перфектна статистика во дресот на лондонскиот клуб постигнувајќи 48 погодоци во 152 натпревари за тимот.