Асистентот на Сари ја доби заслужената казна од ФА по провокациите кон Мурињо


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Асистентот на Маурисио Сари, Марко Јани ја доби заслужената казна од Фудбалската Асоцијација на Англија.

Италијанецот беше казнет со 6.000 фунти откако призна дека некоректно се однесувал по голот за израмнување на Рос Баркли на натпреварот против Манчестер Јунајтед.

Вториот асистент на Сари по погодокот скокна покрај клупата на Манчестер Јунајтед и прославуваше директно пред Жозе Мурињо, а притоа нешто и му довикна.

-Асистентот на Челси, Марко Јани е казнет со 6.000 фунти откако го призна некоректното однесување- стоеше во дел од соопштението на англиската ФА.