Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наскоро на Паркот на принцовте може да пристигне Чилеанецот Алексис Санчез, кој никако да ја пронајде својата форма во Манчетер Јунајтед.
Ниту Жозе Мурињо нема ништо против Санчез да го напушти Јунајтед, секако за пристојно обесштетување, а таа сума без проблем може да ја плати францускиот првак.
И додека играше за Арсенал, Алексис беше на мета на Парижаните, но тогаш тој се одлучи да потпише за Манчестер Јунајтед, а тоа се покажа како лош потег.
Тој е најплатен играч на Јунајтед и заработува 505.000 фунти неделно, но ПСЖ е спремен да му ја понуди истата плата.
Извор близок до Манчестер за британските медиуми открил дека нешто се „крчка“ и дека Санчез најдоцна на крајот од сезоната може да потпише за ПСЖ, тим кој има високи амбиции и константно работи на доведување на големи ѕвезди.
Ќе биде навистина интересно да се види дали Алексис ќе заигра рамо до рамо со Нејмар, Кавани, Ди Марија, Мбапе и Дракслер.