Малком не знае што да прави: Бразилецот има нова желба!?

Поранешниот фудбалер на Бордо, Малком, нема многу шанса кај Каталонците, па поради тоа сака да замине во јануари.

Шпанските медиуми пишуваат дека Малком сега сака да си замине, а тоа е реална опција затоа што Барселона не е задоволна со неговите настапи.

И кога потпишуваше за Барселона остави впечаток дека тоа за Малком е голем предизвик во овој момент.

Бразилецот има 21 година и нема многу искуство со играње на врвен фудбал, а проблеми му создаде и повредата по неговото пристигнување.

За Барселона во лигата одигра само 25 минути, па ќе биде интересно да се види што ќе се случува со него.