Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот одбранбен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил на својот Твитер одговараше на прашања на своите фанови.
Едно прашање се однесуваше на најдобриот напаѓач со кој се сретнал во кариерата, а Невил даде помалку неочекуван одговор. Англичанецот истакна дека најтежок играч за чување му бил, Ромарио.
Иако Невил цела кариера соочувајќи се со врвни напаѓачи од Премиер лигата, на него најголем впечаток сепак оставил Бразилецот, против кого се сретна на Светското клупско првенство во 2000 година кога Јунајтед играше против Васко Де Гама.
Невил има настапи и со селекцијата на Англија против бразилската во која тогаш царуваше Ромарио.